Skip to main content
Скопје

Водовод известува: Во понеделник без вода неколку скопски улици

21/02/2025  14:43

Од скопски Водовод известуваат дека во понеделник, следната недела, поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на ул.Васил Стефановски бр.2,без вода ке останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Попарсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски.

Водоснабдувањето ке биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.