
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира за зголемена потрошувачка на водата и апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата.
„Особено апелираме да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање зеленило, бавчи и ниви, за миење автомобили, за полнење базени, но и спречување на злоупотребата преку дивите приклучоци. Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје“, велат од „Водовод“.
Од таму апелираат до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, да го пријават на 02 3073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk или www.vodovod-skopje.com.mk.