
До редакцијата на 24 Инфо пристигна видео материјал на кој се гледа како протекува вода од мостот над реката Вардар во близина на хотелот Александар Палас.
Од приложеното очигледно е дека ваквата ситуација трае веќе подолго време со оглед на тоа што под самиот мост има формирано мало езерце кое пак го отежнува движењето на граѓаните кои минуваат низ кејот, а истото ја доведува во прашање безбедноста на луѓето кои се движат низ овој дел од градот.
Во каква состојба е овој мост е прашање на кое надлежните се очекува во најбрз можен рок да одговорат.