Skip to main content
Македонија

Во знак на протест „Комити“ ја напуштија прославата по освојување на Купот

22/05/2025  10:17

Фудбалерите на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија откако синоќа на „Градски“ ја победија Струга во финалето со 2-0.

Пред крајот на натпреварот навивачката група „Комити“ реши да замине од западната трибина и да не присуствува на церемонијата на доделување на пехарот.

Навивачката група за време на целиот меч извикуваше пораки против управата особено кон Миленко Неделковски и на тој начин го продолжи својот револт за кадровските решенија во управата.

Тоа што бевте во минатото, останете и во иднината – послушници на свињата“ беше транспарентот што „Комити“ го оставија на стадионот.