Skip to main content
Балкан

Во Загреб фрлена бомба, две кафулиња се оштетени

27/05/2025  09:29

Во текот на ноќта, се случи експлозија во населбата Пречко во Загреб. Бројни полициски сили и форензички експерти се на терен, објавија хрватските медиуми.

Според полицијата, сè се случило околу 2:50 часот наутро на улицата Славенског, каде што била фрлена експлозивна направа.

„Во таа прилика, беа оштетени инвентар и стакло во два угостителски објекти. Никој не беше повреден. Истрагата е во тек“, соопшти полицијата.