Skip to main content
Спорт

Во Велес денес 200 кајакари од 10 земји на Европскиот куп

06/04/2025  08:44

Во водите на реката Вардар во Градскиот парк во Велес денес ќе се одржи второто коло од Европскиот куп во кајак на диви води – дисциплина спуст. 

На ова меѓународното натпреварување ќе учествуваат 200  кајакари од 10 земји: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија, Грција, Турција, Бугарија и Македонија.

Ќе се возат шест дисциплини, во јуниорска и сениорска категорија. 

Натпреварите започнуваат во 9:30 часот.