На Германската индустрија ѝ беа потребни неверојатни 19 месеци за да ги обнови и испорача првите 58 од најмалку 155 тенкови Леопард 1А5 ветени на Украина од конзорциумот предводен од Германија. Но, конзорциумот од три земји, Германија, Холандија и Белгија, очигледно го реши недостигот на делови и конечно го зголемува темпото.
Откако до почетокот на септември пристигнаа првите 58 леопард 1A5, доставени се дополнителни 45 тенкови, пишува Форбс, кој додава дека распоредот за испорака е многу важен. Имено, леопард 1А5 за четири лица би требало да стане најбројниот тенк од западно производство во Украина, надминувајќи ги 104 понови леопард 2 од германско производство, 80 абрамс М-1 од американско производство и само 14 челинџер 2 од британско производство.
Покрај тоа, украинскиот Генералштаб веќе им додели на своите бригади челинџер 2, М-1 и леопард 2. Леопард 1 се единствените западни тенкови достапни за опремување на десетте нови бригади што Украинците ги формираа во последните месеци. Украинската механизирана бригада обично има еден тенковски баталјон со 31 тенк.
Во понеделникот, Берлин ја објави испораката на најновата серија од 15 леопард 1. Заедно со тенковите, Германците испорачаа оклопни камиони, артилерија, опрема за противвоздушна одбрана и значителни количини муниција – со што помошта достигна врадност од речиси 7 милијарди евра, испратени во Украина откако Русија ја почна војната на таа земја пред 34 месеци.