
Турската полиција во Истанбул откри и заплени фалсификувани банкноти американски долари, саудиски ријали и египетски фунти во вредност од околу 100 милиони евра. Во полициската акција приведени се пет странци, кои се подготвувале да ги пуштат во оптек фалсификуваните пари.
Кон крајот на минатата година менувачниците во Истанбул и други турски туристички градови не примаа банкноти од 50 и 100 американски долари, тврдејќи оти не можат да ги проверат, а циркулираат голем број фалсификувани девизи.