
Албанската полиција во рамки на акцијата „Операција 54“, уаспила македонски државјанин баран со меѓународна потерница издадена од Австрија, каде за сторени тешки кривични дела.
-Дирекцијата на силите за специјални операции успешно финализираше уште една акција за апсење на меѓународно барани лица. Уапсен е М.А.(41) роден и со живеалиште во Скопје, Северна Македонија, кој се бара со меѓународна потерница издадена од Јавното обвинителство во Инсбрук, Виена, Австрија. Тој се бараше за сторени тешки кривични дела како што се: „Трговија со дрога“, „Опасна закана“, „Тешка изнуда“ и „Повреда“.За вакци дела со австрискиот Кривичен законик, предвидена е максималната казна до 20 години затвор, стои во полициското соопштение.
Според истиот извор во Тирана, органите на редот го лоцирале и уапсија М.А. При физичкиот претрес, пронајдена и запленета е марихуана, која е искористена како материјален доказ во истрагата.
Интерпол Тирана ги продолжува законските процедури за екстрадиција на лицето, во соработка со австриските власти.
На 6 овој месец на граничниот премин „Ќафасан“, на албанско – македонската граница кај Струга, при влез на албанска територија уапсен беше е А.А (34) жител на Кичево бран со меѓународна потерница, издадена од Интерпол Берн/Швајцарија, осуден на 20 години затвор за меѓународна трговија со дрога.