Skip to main content
Скопје

Во текот на една недела санкционирани 100 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

26/05/2025  10:10

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 19.05. до 25.05.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 100 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.