Skip to main content
Македонија

Во тек е голема полициска акција во УЈП Скопје

15/01/2026  15:33


Во тек е голема полициска акција во просториите на УЈП во Скопје, дознава 24 Инфо.

Од попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители од ОЈО ГОКК, со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државава и се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери.

Повеќе информации ќе има во текот на денот