
Седум лица го загубија животот во сообраќајна несреќа во близина на градот Темишвар, Романија. Mинибус во кој се пренесувале навивачи на солунскиот фудбалски клуб ПАОК, при претекнување директно се судрил со камион.
Според романските медиуми, во минибусот патувале десет лица, загинаа седум, а останатите тројца се повредени.
Несреќата се случила на автопат, според видеото објавено во романските медиуми, минибусот возејќи со голема брзина при претекнување директно удрил во камион од спротивната лента и излетал од патот.
Навивачите на ПАОК тргнале од Грција, преку Романија за Франција за фудбалскиот натпревар на солунскиот клуб в четврток против Лион.

