Skip to main content
Хроника

Во сообраќајна несреќа во Куманово, тешко повреден 36-годишен мотоциклист

16/06/2025  14:17

Вчера околу 23.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од триесет и шестгодишниот Е.М од Куманово и мотоцикл „сузуки“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од триесет и седумгодишниот Ж.Д. од Куманово.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ж.Д., констатирани во Општа болница Куманово. Увид извршила екипа од СВР Куманово“, информираат од МВР.