Skip to main content
Хроника

Во сообраќајка кај Охрид тешко повреден скопјанец

23/03/2025  14:10

Денеска во 00.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – село Подмољје, патничко возило „цитроен берлинго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(51) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.