
Попладнево во скопскиот Градски парк и со едночасовен молк граѓани им оддадоа почит на жртвите од пожарот во Кочани.
Собирот беше најавен на социјалните мрежи од групата „Студентски пленум“ за во 16.30 часот, а едночасовниот молк започна во 16.59 часот. Насобраните не дадоа изјави за медиумите пред почетокот на молкот.