
На 13.09.2025 во 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански Одреди”, ул.„Лондонска” и ул.„Манапо” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(48) од Скопје и велосипед управуван од 14-годишник од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.