Skip to main content
Скопје

Во Скопје пад на излезноста во однос на изборите лани, Чаир и Сарај помотивирани за гласање од Центар и Аеродром

19/10/2025  16:41

Последниот пресек за излезноста на локалните избори до 15 часот покажува дека скопјани гласаат со слично темпо како и на локалните пред четири години.

Сепак денешната излезност е пониска во однос на минатогодишните парламентарни избори.

Но она што е куриозитет на денешното гласање е фактот што скопските општини со доминантно албанско гласачко тело има најголема излезност до 15.00 часот.

Па така во општина Сарај до 15 часот излегле 36.32 од запишаните избирачи а во Чаир процентот на излезност е 35.34.

Тоа е многу повеќе од на пример Гази Баба каде до 15 часот излегле 28.34% од Ѓорче Петров каде излезноста е 30.11% како и од Центар каде до 15.00 часот гласале 34.80 односно Аеродром каде гласале 31.50%.

Очигледно е дека албанскиот електорат е повеќе мотивиран да гласа отколку македонскиот.

До затворање на избирачките места Државната изборна комисија ќе излезе со уште два пресека за излезност, еден за во 17.00 и последниот за 18.30 часот