
Мајката го внесе малото девојче во Сава во јануари. Хрватските надлежни служби повеќе денови го бараа телото на девојчето, но безуспешно. Сега полицијата објави дека телото на девојчето е пронајдено.

Интерпол Белград го информираше Министерството за внатрешни работи на Република Хрватска за откривање на непознато тело на дете во март 2025 година. Телото беше пронајдено во реката Сава во Белград.
Преку меѓународна полициска соработка, со ДНК анализа е утврдено дека тоа е жртва на тешко кривично дело убиство, извршено на 15 јануари 2025 година во Загреб, во близина на мостот Јанкомир, се вели во соопштението на полицијата.
Ова е случај од јануари оваа година што ја шокираше Хрватска.
Потрагата по девојчето траеше со денови по првата вест дека мајката влегла во реката Сава во близина на мостот Јанкомир и дека девојчето е исчезнато.
На почетокот не се знаеше што се случува, но потоа полицијата потврди дека мајката е осомничена за кривично дело тешко убиство.
Девојчето имало три години кога нејзината мајка ја однела во реката.