Skip to main content
Македонија

Во пукање на влезот на скопско Батинци убиен припадник на Армијата кој бил на користење слободен ден

11/07/2025  14:25

Ја информираме јавноста дека лицето со иницијали А.М. од скопското село Батинци, кое по трагичниот настан денеска им подлегнал на повредите, беше припадник на Армијата. Изразуваме длабока жалост до семејството на починатиот.

За време на трагичниот настан лицето не било на служба во Армијата, односно било на користење слободен ден.

На лице место е излезен јавен обвинител, органи на МВР  и дежурна служба на Воената полиција, стои во соопштението од Канцеларијата за воени односи со јавноста.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), инцидентот бил пријавен во СВР Скопје околу 10:15 часот. Во пријавата стои дека лице со иницијали М.Џ. пукало кон возилото кое било во движење.

„А.М. (50) се здобил со прострелни рани во пределот на градниот кош и бил пренесен во ГОБ ‘Св. Наум Охридски’ за укажување на лекарска помош, каде во 11:00 часот од страна на доктор била констатирана смрт“.