Skip to main content
Хроника

Во притвор заврши таткото од Скопје кој ја тепаше својата четиригодишна ќерка

23/06/2025  19:43

28-годишен маж од Драчево кој ја повредил својата четиригодишна ќерка, заврши во притвор, а мајката на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа како тој на креветот го удира со шлаканици по лицето немоќното дете. Ова видео е доказ во постапката на ОЈО, пренесува Фокус.

„Основното јавно обвинителство Скопје ја иницираше постапката поради основано сомнение дека тој, во семејниот дом во населбата Драчево, при вршење семејно насилство, телесно ја повредил неговата малолетна ќерка родена 2021 година. Додека мајката на детето приготвувала јадење, тоа си играло со нејзините две сестри. Во еден момент девојчето се качило на креветот во дневната соба за да ги земе играчките, поради што осомничениот започнал да ја навредува и да ја удира со шлаканици по лицето, нанесувајќи и телесни повреди – набиеница на главата и огреботини на кожата на лицето. Продолжил и со вербални закани дека ќе ја убие“ велат од ОЈО.

Поради сензитивната содржина, 24инфо.мк нема да го објави вознемирувачкото видео.