![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2025/02/maxresdefault-960x540-1.jpg)
Дарко Голубовски – Кнеле, популарниот гостин во една од епизодите на Лазаров Подкаст, од вчера се наоѓа во притвор затоа што штекал дрога за познатиот Штекли – открива Радио Лидер.
Околу четири и пол килограми кокаин биле пронајден кај две лица, а едно од нив е Дарко Голубовски од Керамидница, во скопскоте кругови познат како Кнеле.
– Одземени се над 4 килограми кокаин од групата на Штекли. Упорноста и професионализмот се клучни за успешната истражна работа. Во координација со Јавниот обвинител, продолжуваме со активностите против оваа криминална група. По само нецел месец од претходната акција, повторно запленивме значителна количина дрога од истата банда. Борбата против недозволената трговија продолжува – нема непобедливи криминални структури, напиша Јанев.
Од ОЈО Скопје објавија дека по анализа на материјалните и видео докази, обезбедени при претресите на 18 и 19 јануари, од слобода се лишени две лица. Тие се сомничат за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на психотропни супстанци и прекурсори“.
Истражителите од Лабораторијата за дигитална форензика откриле дека првоосомничениот, приведен во Гевгелија, сокрил 3,5 килограми кокаин во бункер на патничко возило.
– При дополнителни претреси во домовите на приведените, пронајден е уште еден килограм кокаин. Обвинителството издаде наредба за истрага и побара притворски мерки од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, информираат од ОЈО.