Skip to main content
Хроника

Во Прилепско пронајдени неексплодирани гранати од Прва светска војна

18/04/2025  12:41

Во Прилепско пронајдени се неексплодирани убојни средства, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Конкретно, РЦУК Битола, известува дека од ДЗС Прилеп известиле дека по вчерашната пријава од ПС Прилеп за пронајдени НУС, биле излезени на терен и дека од страна на инспекторот и пиротехничар од ДЗС се извадени уште 13 минско-екплозивни стредства, конкретно артилериски гранати 110 мм, од германско производство со потекло од Првата светска војна. Инаку на тоа место се пронајдени вкупно 16, конкретно кај месноста „Сарика“ во близина на патниот правец Градско – Битола, сопштија од ЦУК.

Од Центарот посочуваат дека неексплодираните убојни средств се подигнати од страна на овластен пиротехничар од ДЗС Битола за понатамошна постапка за нивно безбедно складирање и уништување.