Skip to main content
Македонија

Во Прилеп отворен 21. „Пивофест“

19/07/2025  10:38

Со вкусна скара, ладен пијалок, гости од земјава и странство и во добро расположение со познати музички ѕвезди во Прилеп синоќа е отворен тридневниот традиционален летен фестивал „Пивофест“.

На петнаесетина штандови во центарот на Прилеп и со производи на познатиот пенлив пијалак на шест пиварници од земјава и регионот, бројните посетители ја одржуваат летната забава.

Прилепскиот скараџија Златко Петрески уверува дека има многу гости, викендот се очекуваат повеќе и се нуди вкусна скара.

-Имаме многу гости одсекаде. Од земјава и странство. Вкусуваат, бараат прилепска скара, се враќаат по вторпат, вели насмеано и расположено Петрески од еден од штандовите на „Пивофест“.

Христијан Тунески, дел од организацијата смета дека забавата ја обезбедуваат сите, и домаќините и гостите, познати музички имиња.

-Имаме добра музичка забава. Радост е да се знае дека понудивме фестивал добро организиран кој го враќа сјајот на манифестацијата на која прилепчани се горди. Има петнаесетина штандови, производи од шест пиварници од земјава и Регионот. За забавата се грижат домашните и музичките имиња од соседството. Летово фестивалот е вистинскса радост, вели Тунески.