Skip to main content
Македонија

Во прекин сообраќајот после наплатната рампа од Гостивар кон Тетово

24/05/2025  13:17

Во прекин е сообраќајот на автопатот Гостивар – Тетово на еден километар по наплатната рампа во правец кон Тетово поради сообраќајна незгода. 

Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот се пренасочува по околниште патишта.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.