Skip to main content
Македонија

Во прекин сообраќајот на патот Берово – Струмица

28/01/2026  17:50

Патниот правец Бела Вода – Ратево, кој е дел од регионалниот пат Берово – Струмица, во моментов е блокиран за сообраќај поради големи наноси од одрони.

Сообраќајот е во целосен прекин. Според неофицијалните информации, екипи за одржување на патот веќе интервенираат со цел расчистување на одроните и нормализирање на сообраќајот.