
Три деца на возраст од три, седум и девет години загинаа во пожар што синоќа ја зафати нивната семејна куќа во ромската населба Куршанец кај Чаковец, соопшти хрватската полиција. Според првичните информации, пожарот избувнал околу 22:30 часот во поткровјето на куќата.
Во моментот на пожарот, мајката (25) и таткото (29) успеале да излезат од куќата, при што жената го изнела и бебето родено минатата година. Таа и детето се пренесени во болницата во Чаковец, каде што им се констатирани полесни повреди.
Претставникот на ромската заедница во Меѓимурје, Матјаш Дидо Оршуш, изрази длабока потресеност од трагедијата, истакнувајќи дека заедницата е во шок поради ненадоместливата загуба.
Полицијата спроведува истрага за да го утврди точниот причинител на пожарот, како и каде се наоѓале родителите во моментот на несреќата. Надлежниот државен обвинител наложи увид на местото на настанот.