
Метео анализа на Славчо Попоски:
Под влијание на влажен воздушен бран од запад и истиот ќе биде поврзан со плиток циклонски систем со центар над Џенова, во понеделник попладне и навечер како и во вторник (4 ноември) во најголем дел од нашата Република Македонија ќе има врнежи од дожд и локално врнежите ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 20 литри дожд на метар квадратен.
Со овој нов бран на врнежи, повремени врнежи од дожд со умерен интензитет ќе имаме и во Скопје и околината.
Поради продор на поладен воздух од северозапад кој преку Алпскиот регион ќе се спушти до нашиот дел од Европа во вторник (4 ноември) ќе дува умерен а особено во Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Повремено засилен ветер од северен правец во вторник ќе дува и во Скопје и околината.
На највисоките планински врвови над 2000 метри надморска височина ќе има услови и за провејување на снег.
Што се однесува до температурите тие ќе бидат во опаѓање и во почетокот на следната седмица максималните температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени.

