Skip to main content
Скопје

Во понеделник автобусите ќе возат по неделен ред, Жичарницата нема да работи

05/12/2025  12:30

Jавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека по повод државниот празник Св. Климент Охридски, во понеделник (8 декември), јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред.

Дежурна билетарница ќе биде само таа на Транспортен центар, со работно време од 08:00 до 14:00 часот.

Жичарницата до Милениумскиот крст, како што се наведува во соопштението, вообичаено како и секој понеделник нема да работи.

Од ЈСП Скопје потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичарницата се неработни денови.