Skip to main content
Македонија

Во петок во Штип комеморација за Филип Стевановски

25/03/2025  11:49

Од Центарот за култура Штип известуваат дека во претстојниот петок во Народен театар – Штип во заедничка организација со ДМУЦ „Сергеј Михајлов” – Штип и НУЦК „Ацо Шопов” – Штип ќе се одржи комеморација во чест на прерано починатиот и непреболен м-р Филип Стевановски.

Комеморацијата со почеток од 12:00 часот.

Стевановски беше директор на Центарот за култура во Штип и дел од бендот ДНК.

реклама

Трагиќно настрада во пожарот во кочанската дискотека за време на настапот.