Skip to main content
Македонија

Во Охридско Езеро поставена новогодишна подводна елка

21/12/2025  12:41

Нуркачи од Нуркачкиот центар „Амфора“ поставија новогодишна елка под вода во „Заливот на коските“ во Охридското Езеро, со што симболично ги одбележаа претстојните новогодишни и божиќни празници.

Како што е објавено на Фејсбук-страницата на нуркачкиот клуб, новогодишната елка под вода, традиција која трае повеќе од 20 години, е поставена во соработка со Здружението за ретки болести и со поддршка на волонтерите на Црвениот крст од Охрид.

Се истакнува дека оваа празнична акција е посветена на децата со ретки болести, „малите херои кои секојдневно нѐ учат на сила, надеж и љубов“.

„Нека празничниот дух допре до секое срце и донесе здравје, топлина и поддршка таму каде што е најпотребна. Среќна Нова 2026 година и среќни и благословени празници од длабочините на Охридското Езеро“, порачаа охридските нуркачи