Skip to main content
Македонија

Во Новаци јавна расправа за експлоатација на јаглен за РЕК Битола од наоѓалиштето во Живојно 

12/05/2025  08:41

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска во Општина Новаци ќе одржи јавна расправа за Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот експлоатација на јаглен од наоѓалиштето во Живојно со површинска технологија кое е во функција на РЕК Битола.

Јавната расправа се организира по доставување на студијата, на барање на инвеститорот АД „ Електрани на Северна Македонија“, со цел да се оцени влијанието врз животната средина.