Skip to main content
Економија

Во ноември лани 304 одобренија за градење, во Скопскиот Регион 427 стана

14/01/2026  18:13

Издадени се 304 одобренија за градење во ноември лани, што е за 16,9  проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.400.888.000 денари, што е за 27,1 проценти повеќе  во однос на истиот месец од претходната година.

Во Скопскиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење – 110 по што следуваат Полошкиот – 55, Вардарскиот – 36, Југозападниот – 29…

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 208 (68,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба.

Предвидена е изградба на 761 стан, од кои 427 во Скопскиот Регион, 113 во Источниот, 82 во Југозападниот, 79 во Пелагонискиот, 38 во Полошкиот, 15 во Вардарскиот, 4 во Југоисточниот и 3 во Североисточниот Регион. 

За нискоградба се изадени 34 одбренија, а за објекти за реконструкција 62. 

За 162 објекта (53,3 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 142 (46,7 проценти) објекта деловни субјекти. 

– Во извештајниот период е предвидена изградба на 761 стан, со вкупна корисна површина од 67.767 квадратни метри – наведува Државниот завод за статистика.