Skip to main content
Македонија

Во недела осветување на храмот „Св. Константин и Елена“ во центарот на Скопје

26/09/2025  08:36

Во недела, на 28 септември, ќе биде осветен храмот посветен на светите цар Константин и царица Елена на улица „Македонија“ во центарот на Скопје.

Осветувањето ќе го изврши архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со бројни архијереи од МПЦ-ОА со почеток во 08:30 часот.

Од МПЦ-ОА ги покануваат верниците да земат литургиско учество во овој свечен настан.

Изградбата на храмот почна во 2012 година и траеше 13 години. Работите беа интензивирани во 2024 година со што се комплетираа внатрешното уредување, надворешноста и околниот простор.