
Убиен е новинар во Поса Рика, Мексико. Убиството беше осудено од државната комисија за заштита и поддршка на новинарите и повика на темелна истрага. . Комисијата, согласно законот, го објави само името на убиениот новинар, но локалните медиум објавија дека загинатиот е Карлос Кастро, директор на порталот „Кодиго Норте Веракруз“, кој пишувал и за други регионални медиуми.
Кастро, кој неодамна се вратил во Поса Рика откако неколку месеци поминал надвор од Веракруз поради добиени закани. Тој вчера беше застрелан во ресторан.
Кастро е првиот убиен новинар во 2026 година во Мексико, една од најопасните држави за новинарите. Во Мексико минатата година беа убиени шест новинари и медиумски работници.
