Skip to main content
Македонија

Во Македонија се очекуваат послаби врнежи од дожд и од снег, во котлините можен е замрзнат дожд!

21/01/2025  08:29

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денес (вторник) во Македонија ќе имаме повеќе облачност и поладно време, а на повеќе места како што и претходно напоменав ќе има слаби врнежи од дожд, или од дожд и снег на повиските места (градовите) и слаби врнежи од снег на повисоките места  и на планините, и секако на скијачките центри.

Врнежи со малку поголем интензитет, односно со умерен интензитет ќе има во западните предели од Македонија. По котлините и понатаму ќе продолжи маглата  и ниската облачност, па така во котлините, особено во Пелагониско, како и оние котлини кои се наоѓаат во Повардарието е можна и појава на замрзнат дожд.

И во Скопје  и околината денес ќе имаме повеќе облачност, а во ниските предели од котлината ќе продолжи да има магла и ниска облачност. Не се исклучува можноста во делови од котлината да има појава  и на слаб замрзнат дожд.

Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени, во Скопје температурата ќе се искачи до околу 4 степени.