
Метео аналиа на Славчо Попоски:
Во Македонија и тоа како ја чувствуваме температурната инверзија, но што значи токму ова? Температурна инверзија е кога котлините и низините се поладни од високите и од планинските места каде е значително потопло. Инаку Македонија се наоѓа во поле на висок воздушен притисок (Антициклон) кој се протега од југ и токму ова условува да имаме стабилно и суво време со значително повисоки температури на високите населени и планинските места.
По котлините како што кажав е значително поладно и има појава на слаба магла а во текот на ноќта повторно во котлините ќе има зголемена ниска облачност и појава на магла која повремено ќе биде и густа.
Ваквата временска состојба ќе продолжи најмалку до 20 декември. По котлините ќе биде поладно од колку на високите населени места и на планините а ќе има и појава на ниска облачност и магла која повремено ќе биде густа особено во утринските и во ноќните часови.

