
Во Македонија денешното празнично утро беше исклучително студено, во повеќе котлини, особено оние кои се наоѓаат во централните делови од Македонија, како и во Повардарието има појава на магла и на ниска облачност. Најниска температура утринава до 7 часот е измерена во Берово, и тоа -13 степени, а во исто време највисока минимална температура е измерена на Попова Шапка и тоа 1 степен над нулата.

На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени утринава до 7 часот по градови и места низ Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.
Инаку снежната покривка на Скијачките центри, и тоа на Попова Шапка изнесува 52 сантиметри, и 45 сантиметри во Маврово.
Инаку денес во Македонија имаме температурна инверзија, што значи дека по котлините имаме пониски температури за разлика од планинските места и Скијачките центри.

На вторава табела можете да ги погледнете температурите измерени попладнево во 13 часот, па највисока температура во тоа време е измерена во Крушево, и тоа 11 степени, а најниска во Битола, -5 степени.