Skip to main content
Економија

Во мај 469 одобренија за градење од кои 255 за високоградба, планирани 1 037 станови

14/07/2025  11:19

Во  мај годинава се издадени  469  одобренија за градење, што е за  80.4  проценти повеќе во однос на мај лани, објави Државниот завод за статистика.

Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 146, по што следуваат Скопскиот, 86, Вардарскиот, 84, Југоисточниот, 67, Југозападниот, 32, Пелагонискиот, 26, Источниот регон, 22. Во Североисточниот регион има најмалку одбреија, шест. 

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува  7 868 401 000 денари, што е за 34,1 процент повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Најголем број од издадените одобренија,  255 (54,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба,  110 (23,5 проценти) се за реконструкција, а 104 (22,2  проценти) за нискоградба. На 232 (49,5  проценти) инвеститори се физички лица, а на 237(50,5  проценти) деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 037 станови со вкупна корисна површина од 90 813 метри квадратни. Од вкупниот број станови, во Скопскиот регон се 441, во Полошкиот 295, во Југоисточниот и во Вардарскиот по 120, во Југозападниот 39, ….