
Во Кочани денеска се одржа 35. издание на „Маршот за ангелите“, на кој се присетија родителите на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. На маршот, некои од родителите ги споделија своите чувства и болката што ја носат секојдневно.
Таткото на едно од загинатите девојчиња одржа емотивен говор за тешкотиите и празнината што ги оставила загубата на неговата ќерка. Мајка на едно од момчињата што загинало, објави потресно писмо посветено на својот син и на неговите пријатели, истакнувајќи дека тие ја дочекуваат првата Нова година, наместо со семејствата, на небото.

