
На 08.09.2025 во 00:47 часот, полициски службеници од ОВР Кичево од слобода го лишија Д.К.(42) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, извршена на улицата „Борис Кидрич” во Кичево, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди” со кичевски регистарски ознаки што Д.К. го управувал и било констатирано дека има 1,95 промили алкохол во крвта.
Тој веднаш е исклучен од сообраќај и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило”.