Skip to main content
Хроника

Во Кавадарци пронајден починат маж покриен со земја, семејството го барало неколку дена

05/08/2025  16:03

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во куќа во која беше пронајдено безживотно тело на 42-годишен маж.

Телото било пронајдено покриено со земја и предмети во помошни простории, што првично упатува дека смртта е резултат на кривично дело.

Семејството се обидувало неколку дена да го лоцира сега починатиот, кој живеел сам.

Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатиот. Од лице место подигнати се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Се издаваат наредби и насоки за откривање на сторител.