Skip to main content
Македонија

Во Касарната „Илинден“ одбележување на петгодишнината од пристапувањето во НАТО

28/03/2025  07:48

Во Касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе се одбележи 5. годишнината од пристапувањето на Република Македонија во НАТО Алијансата.

По тој повод свое обраќање ќе имаат претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајот Сашко Лафчиски и командантот на здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Стјуарт Манч.

На настанот е најавено и присуство и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министри во владата, претставници од воено–дипломатскиот кор во земјава и други гости.

По обраќањата ќе следуваат показни вежби на припадниците на Армијата.