Skip to main content
Свет

Во израелски напад на аеродром во Сана, за малку ќе загинел директорот на СЗО

26/12/2024  20:28

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус беше на меѓународниот аеродром Сана во Јемен за време на израелските воздушни напади, изјави извор од аеродромските власти.

– Нападот се случи додека директорот на Светската здравствена организација Тедрос Гебрејесус се подготвуваше да се качи во приватен авион на ОН и да ја напушти Сана – изјавил извор за агенцијата РИА Новости.

Во исто време, според неговите зборови, загинале двајца работници на аеродромот, а повреден е и еден член на персоналот на приватниот авион на Обединетите нации.

Подоцна, самиот директор на СЗО изјави дека израелските воздухопловни сили нападнале згради лоцирани на неколку метри од авионот во кој се наоѓал. Никој од членовите на делегацијата на ОН не е повреден, изјави Тедрос.

Според ОН, Тедрос бил во Јемен за да преговара за ослободување на персоналот на ОН кои неколку месеци беа заложници на Хутите и да ја процени здравствената и хуманитарната ситуација во земјата.