
Министерството за здравство на Израел соопшти дека 191 лице биле примени во болница во последните 24 часа поради војната, според „Тајмс оф Израел“.
Меѓу хоспитализираните има војници и цивили, соопшти министерството, при што најмалку едно лице е во критична состојба, а тројца други се во сериозна состојба.
Министерството, исто така, соопшти дека 2.339 лица се примени во болници од почетокот на војната. Околу 95 се уште се во болница, вклучувајќи 11 во сериозна состојба.
Во ирански ракетен напад врз централниот град Јехуд во понеделникот загина едно лице, а две беа повредени.


