
Трагедија се случила вчера во Италија, откако некаде околу 16 часот во Сан Џакомо ди Педероба во близината на Тревизо, се удавило 9-годишно девојче по потекло од Македонија, пренесува „Ла Трибуна ди Тревизо”.

Трагедијата се слкучила додека девојчето се капело со своите браќа. Веднаш била подигната тревога, а пожарникарите и карабинерите брзо пристигнале на лице место. За вадење на телото се погрижиле нуркачите од противпожарната бригада. Потрагата траела долго, се додека не било најдено меѓу карпите.
Девојчето било со своето семејство на попладневен одмор покрај брегот на реката Пјаве.
Како што пишува весникот, градоначалникот и неговата заменичка трогнати од несреќата изразиле длабоко сочувство и подготвеност да му помогнат на семејството на секој начин.