Skip to main content
Свет

Во Иран погубен израелски агент на Мосад, уапсен во 2023 година

16/06/2025  12:16

Иранското судство денеска соопшти дека е погубен маж, кој бил уапсен во 2023 година и осуден како агент на израелската разузнавачка служба Мосад.

„Есмаил Фекри, агент на Мосад осуден за тешки кривични дела – корупција и војна против Бога (мохаребе), е обесен по судска постапка“, пренесе веб страницата Мизан Онлајн, која е поврзана со судството.

Егзекуцијата се случи на четвртиот ден од конфликтот меѓу Иран и Израел.