Skip to main content
Хроника

Во хотел на Бит Пазар пронајдено починато лице од Турција

16/08/2025  14:32


На 15.08.2025 во 07:37 часот во СВР Скопје е пријавено дека во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат А.З.(44) од Р.Турција.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.