
Со почеток од 16.30 часот, утре на тревникот во близина на споменикот на Гоце Делчев во Градски парк Скопје, ќе се одржи мирен собир каде со 60-минутен молк ќе се оддаде почит кон жртвите од пожарот во Кочани.
Молкот ќе започне во 16.59 часот, а собирот го најави неформалната студентска заедница „Студентски пленум“ на социјалните мрежи.
-Се повикуваат сите граѓани на мирен собир на кој заедно ќе оддадеме почит кон жртвите од пожарот во Кочани.На 23. март (недела), во 16:30 во Градскиот парк (на тревникот после споменикот од Гоце Делчев), ќе одржиме 60-минутен молк за 60-те жртви, со почеток во 16:59 часот. Поради овој трул систем кој се темели на профитерство и корупција загинаа 60 луѓе. Да бидеме заедно и да останеме сплотени. Од народот, за народот – затоа што само ние си остануваме едни на други – пишува во објавата на социјалните мрежи.