
СВР Тетово информира дека ноќеска во 01.55 часот после полноќ на улица „Балиндолска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ф.Л.(24) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон нив додека преземале службени дејствија.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.