Skip to main content
Македонија

Во голем дел од Тетово утре ќе нема струја – некаде и со часови

02/06/2025  21:44

На 3 јуни 2025 година (вторник), повеќе населени места во Тетово и околината ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати на дистрибутивната мрежа, соопштува „Електродистрибуција“.

Во селото Желино, дел од објектите кои се наоѓаат над училиштето ќе бидат без струја од 09:00 до 14:00 часот.

Во Лавце и Селце ќе има прекин на струјата за целите села, од 09:00 до 15:30 часот.

Прекин на електрична енергија ќе има и кај репетиторите Космофон, Кале и ХПП Пена, во исто време – од 09:00 до 15:30.

Во Доброште струјата ќе биде исклучена од 09:00 до 12:00 часот, а во Палатица и Сиричино од 09:00 до 14:30 часот. Во Сиричино, прекинот се однесува само на дел од селото.

Во Голема Речица, електрична енергија ќе нема во периодот од 12:00 до 13:00 часот, при што ќе биде зафатено и основното училиште „Папарами“.

Надлежните апелираат граѓаните да ги планираат своите обврски соодветно и да имаат разбирање заради подобрување на квалитетот на електроснабдувањето.